Раул Гонзалес повеќе не е селектор на Македонија

0

Ракометната Федерација на Македонија денеска информираше дека Раул Гонзалес повеќе не е селектор на машката сениорска репрезентација. Некогашниот тренер на Вардар и РФМ взаемно се спогодија да ја прекинат соработката.

„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, се вели во известувањето од РФМ.

Share.

Leave A Reply