Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез го објави поширокиот список на играчи повикани за квалификациските натпревари. За пласман на ЕП 2020 кои ќе ги играме против Турција и Грција.
Првиот квалификациски натпревар ќе се одигра на 25.10.2018 (четврток) против репрезентацијата на Турција. Натпреварот ќе се одигра во Битола со салата “Боро Чурлевски” со почеток во 20:15 часот.
Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Кожани, Грција со почеток во 18:30 часот на ден 28.10.2018 (недела).