Раул направи рокада на голманите

0

Селекторот на нашите најдбри ракометари, Раул Гонзалес, се определи да направи ротација на голманите за денешниот меч со Грција во рамките на второто квалификациско коло за место на Европското првенство кое ќе се реализира во 2020 година во Шведска, Норвешка и Австрија.

На местото на Борко Ристовски и Мартин Томовски кои бранеа пред неколку денови во Битола на мечот со Турција , шпанскиот стратег сега се определи да ги пријави Златко Даскалоски и Никола Митревски. Средбата меѓу Грција и Македонија ќе биде реализирана во Кожани со почетокот во 16.00 часот.

Претходно во нашата група ќе играат Турција и Исланд. На табелата, Македонија и Исланд имаат по два бода додека Турција и Грција се без бод.

 

Share.

Leave A Reply