Селекторот на нашата ракометна репрезентација Раул Гонзалез даде свое видување најнапред на средбата со Чиле, а потоа и за начинот на игра на нашата репрезентација на ова СП.
„Честитки за моите ракометари, но и за селекторот на Чиле кој одлично го подготви натпреварот. Беа брзи и создадоа многу проблеми за нашата одбрана. Жалиме што не ја минавме групата, но барем со победа го завршивме тунирот. Очекувавме да ја поминеме групата, да се пласираме во главната фаза, но не успеавме. Овие натпревари во Келн не се играа како во Минхен и тоа е видливо. Би сакале да ја водам Македонија и во иднина, но ова не е момент да се разговара за тоа. Треба добро да се размисли. Сите употребуваат „седум на шест“. Ние не играме така зотоа што Раул така сака, туку затоа што карактеристиките на нашите ракометарите се такви. Планот беше да играме „седум на шест“ на првите два натпревари. Но, против Хрватска е потешко и тие подобро ни ги знаат сите добри и слаби страни. Сепак, увидов дека ние се чувствуваме многу добро со тој систем“, заврши селекторот на нашата репрезентација Раул Гонзалез.