Раул одбра 28 ракометари за пресметките со „рибарите“

0

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за престојниот двомеч со Исланд. 28 имиња фигурираат на поширокиот список на Гонзалес, од кои ќе се бира тимот кој ќе се бори со „рибарите“ на престојните две средби.

За разлика од неговиот претходник Лино Червар, шпанскиот стручњак на поширок список ги врати Борко Ристовски, Ацо Јоновски и Немања Прибак.

Првиот натпревар од двомечот со Исланд ќе се игра на 4 мај во Скопје, а вториот дуел е закажан за 7 мај во Рејкјавик.

spisok reprezentacija

Share.

Leave A Reply