Раул: Победивме многу добра селекција,сега мислиме на Црна Гора

0

Македонската ракометна селекција стартуваше со победа на ЕП во Хрватска, ја совлада селекцијата на Словенија, третата репрезентација од последното СП во Франција. Селекторот Раул Гонзалез е задоволен од победата и од залагањето на играчите.

„Денес одигравме добар натпревар против многу силен противник, сите играчи делуваа како екипа и тоа е добро.Сепак сега мора да размислуваме за следниот противник, затоа што нема да биде лесно против Црна Гора. На оваа средба нападот не ни функционираше како што треба, но да бидеме реални и противничкиот голман имаше свој ден и бранеше одлично“ изјави Раул Гонзалез, селекторот на Македонија.

Македонија утре ќе одмара и ќе се подготвува за следниот натпревар со Црна Гора кој го играме во понеделник во 20.30 часот.

Share.

Leave A Reply