Раул сака победа уште во Флензбург

0

Пред заминување за Германија на првиот меч од ¼-финалето во ракометната Лига на шампиони, тренерот на Вардар Раул Гонзалес вели дека ги очекува многу комплексен двомеч во кој мора да се даде максимум за пласман во Ф4 кој е примарна цел на клубот. Шпанскиот стратег истакна  дека в сабота во Германија мора да се размислува за победа.

„Напорно работевме цела недела. Добро трениравме и со исклучок на Карачиќ кој е болен, сите играчи се спремни. Ако сакаме пласман на Ф4 мора да одиграме на победа во Германија. Не смееме да оставиме се на реваншот. Мора да се фокусираме и да се обидеме да победиме веќе в сабота. Ќе биде тешко, но јас имам доверба во моите играчи“, истакна Гонзалес.

Вардарци утре рано наутро заминуваат за Флензбург. Настапот на Карачиќ на првиот меч ќе биде неизвесен до самиот почеток на средбата.

Share.

Leave A Reply