Раул со истиот состав и против „коцкестите“

0

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез нема менува ништо во составот и за мечот број три на Светското првенство. На трибините за натпреварот против Хрватска остануваат голманот Златко Даскаловски и пикерот Милан Лазаревски.

Во изборот на ракометарите кои ќе се појават на дуелот со „коцкестите“ и овој пат се најдоа: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски.

Дуелот во „Олимпијахале“ во Минхен е закажан од 18 часот. Денеска во нашата група од 15.30 играат Исланд – Бахреин, додека од 20.30 Шпанците се среќаваат со Јапонија.

Share.

Leave A Reply