Раул и Стоилов оптимисти пред мечот со Барселона

0

Македонскиот шампион Вардар го очекува натпревар во Лигата на шампионите и тоа дерби-дуел,противник ќе им биде Барселона, главниот ривал за првата позиција во групата „А“ , место кое води директно во четвртфиналето на ЛШ.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалез на денешната прес-конференција истакна дека неговите ракометари се подготвени за надигрување, но потенцираше дека дуелот во Скопје воопшто нема да биде лесен, затоа што Барселона е квалитетен колектив.

„Не очекува тежок натпревар во сабота, Барселона е наш најсериозен противник од стартот на сезоната. Имаат искусни играчи, знаат како да играат вакви натпревари. Може да ги победиме само со добра одбрана. Исто така тука е и голманот Де Варгас кој брани одлично. Ние сме слична екипа со Барса, очекувам тежок меч, Се знаеме добро, ние никако не треба да играме како на Суперглоуб против нив, односно да бидеме катастрофални 50 минути, а потоа да играме како што знаеме“, изјави Раул Гонзалез.

Капитенот на тимот Столе Стоилов, посакува да одиграат многу подобар натпревар против Барселона во Лигата на шампионите од оној меч во Супер глоуб и секако да дојдат до победа пред домашната публика.

„Барселона е една од најдобрите екипи во светот. Оваа година ни го нанесоа единствениот  пораз, на Супер глоуб, таму не се покажавме во најдобро светло. Атмосферата во екипата сега е супер, немаме веќе повредени играчи, сите се на терен и мислам дека можеме до победа. Доколку сакаме да победиме против екипа како што е Барселона мора да ги користиме шансите, а не да промашуваме од чисти позиции како до сега, некако стана пракса на средбите кои ние ги играме, најдобар играч да биде противничкиот голман“, изјави Стоилов.

Share.

Leave A Reply