РБ Лајпциг на чекор до рекорд во Бундеслигата

0

Настапот на екипата на РБ Лајпциг од почетокот на сезоната во Бундеслигата како дебитант може да влезе во историјата на ова натпреварување.

Ред Бул Лајпциг е само на чекор од големо достигнување. Доколку „биковите” не го загубат натпреварот со Баер Леверкузен во петок, не само што ќе бидат лидери на табелата, туку и ќе го подобрат рекордот на Дуисбург од сезона 1993/94 за најдолга серија без пораз на новајлија во Бундеслигата.

РБ Лајпциг е на лидерската позиција на табелата со ист број на поени, 24, со шампионот Баерн Минхен по првите 10 кола, заедно со Хофенхајм се еден од трите тимот кои сеуште не го почуствувале вкусот на поразот. „Дефинитивно сакаме да земеме нешто од ова гостување, но знаеме колку тешко се игра во Леверкузен”, изјави тренерот на оваа екипа Ралф Хазенхјутел.

Share.

Leave A Reply