Реал – Атлетико и Монако – Јуве во полуфиналето на ЛШ

0

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе се соочат еден против друг во полуфиналето на Лигата на шампионите. Ждрепката во Нион сакаше Шпанците меѓусебе да одлучат кој ќе игра во големото финале. Реал ќе бидат домаќини на првата средба. Во другиот дуел за место во финалето, Монако ќе игра против Јувентус, а Французите ќе бидат домаќчини на првата средба, додека реваншот ќе се игра во Торино.

Реал ќе се обиде да стане првиот тим по создавањето на турнирот во сегашната форма, кој ќе ја одбрани титулата, додека Атлетико по три несреќни финалиња се надева дека годинава ќе има среќа да го крене големиот шампионски пехар.

Од четирите тима најчесто до полуфиналето играл Реал Мадрид – вкупно 27 пати, а во 14 од нив шпанскиот гигант продолжил и во финалето. Јуве има 11 учества на полуфиналните дуели со баланс од 8 финалиња и 3 елиминации. Атлетико може да се пофали со 5 полуфиналиња и три учества во финалето, а Монако бил во големата четворка само 3 пати и само еднаш успеал да дојде до завршницата. Првите натпревари од полуфиналето ќе се одиграат на 2 и 3 мај. Финалето ќе се одржи на 3 јуни во Кардиф.

Share.

Leave A Reply