Реал Мадрид вечерва ќе остане без услугите на најголемото летно засилување, Еден Азар. Имено, на гостувањето против Мајорка, Зидан нема да смета на Белгијанецот, кој по четвртипат стана татко.
На негово место ќе се појави бразилскиот напаѓач Мариано. Белгискиот интернационалец им се придружува на Бејл, Модриќ, Крос, Лукас Васкез, Асенсио и Начо, кои исто така главно поради повреди нема да му бидат на располагање на Зидан вечерва.