Реал без дел од ѕвездите ќе гостува кај Малага

0

Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Герет Бејл и Рафаел Варан нема да настапат за Реал Мадрид на денешното гостување кај Малага (20.45) во натпревар од редовното коло во фудбалската Примера Дивизион.

Споменатите фудбалери беа дел од тимот кој неодамна го елиминираше Јувентус и си обезбеди место во полуфиналето во Лигата на шампионите. Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, свесен дека неговиот тим нема шанси да ја освои титулата во Шпанија, се определи на четворицата да им даде одмор за да бидат максимално подготвени за наредните предизвици во елитната конкуренција во Европа.

Актуелниот бранител на тронот во ЛШ во 1 /2 финалето ќе се сретне со германскиот Баерн Минхен.

Share.

Leave A Reply