Арсенал се соочува со сериозна битка да го задржи Пјер-Емерик Обамејанг во својот тим и по зимскиот преоден рок. Според некои англиски и шпански медиуми, Реал Мадрид подготвил понуда од 80 милиони евра плус Дани Себаљос за напаѓачот на „топчиите“.
Фудбалерот од Габон е прв голгетер на лондончани постигнувајќи 46 гола на 70 настапи по неговиот трансфер од Борусија Дортмунд во јануари 2018 година. Сепак, Обамејанг не ја крие желбата еден ден да заигра за Реал Мадрид. Во Мадрид, пак, сметаат дека токму тој би можел да ја спаси сезоната за тимот, кој е далеку од посакуваната форма и оваа година.