Реал и Модриќ се договориле за продолжување на соработката

0

Реал Мадрид ќе го продолжи договорот со хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. Новинарот Фабрицио Романо ја потврди веста на својот Твитер профил.

Според него, страните веќе се договориле за сите точки од новата соработка. Во блиска иднина се очекува договорот да биде потпишан и официјално објавен. Актуелниот договор на 35-годишниот Модриќ истекува ова лето, а претходно беше објавено дека договорот ќе му биде продолжен до 30 јуни 2022 година.

„Постојат играчи како Модриќ кои го прават овој спорт подобар. Луксуз за нас е да имаме таков играч во нашиот состав. Тој ни даде многу, тој сè уште ни дава многу и ќе продолжи да го прави тоа за нас“, – изјави претходно директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо.

Share.

Leave A Reply