Во лигата на фудбалските шампиони денеска не чекаат новите возбудувања во рамките на првото коло. Во групата „Е“ Баерн ќе гостува кај Бенфика. Германците се фаворити на хартија иако тренерот Ковач има проблем да го изведе најдобриот состав. Во вториот натпревар од групата, Ајакс ќе биде домаќин на АЕК. Двата тима мораа да поминат низ квалификациите. Холанѓаните најавуваат атрактивен фудбал, грците пак, дефанзивна тактика.
Во групата „Ф“, Шахтор (Донецк) ќе го пречека германскиот Хофенхајм додека Манчестер Сити ќе му биде домаќин на Лион. Во групата „Г“, во дербито, бранителот на тронот Реал Мадрид ќе и биде домаќин на Рома. Во вториот меч во Чешка, Викторија (Плзен) ќе се обиде да победи против ремонтираниот тим на ЦСКА (Москва).
Во групата „Х“, Јуве засилен со Кристијано Роналдо ќе гостува кај Валенсија на „Месталја“. Фановите на „старата дама“ сите погледи ќе ги насочат кон Португалецот кој треба да му помогне на тимот конечно да ја освои ЛШ. Во вториот меч во групата, Манчестер Јунајтед ќе гостува во Швајцарија кај дебитантот, Јанг Бојс. Четата на Мурињо иако игра променливо, сепак е голем фаворит. Мечевите од ЛШ во термините 18.55 и 21.00, ќе може да се следат и на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.