Реал ќе притиска да го добие Азар

0

Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид во текот на летото ќе го продаде Герет Бејл и добиените средства ќе ги искористи да го купи фудбалерот на Челзи, Еден Азар.

Според наведеното, „кралевите“ имаат и втора опција а тоа е да понудат размена, Герет Бејл за Азар, секако со одредена доплата. Според проценките, трансферната вредност на Бејл е околу 100 милиони евра што значи дека белгиецот може да вреди многу повеќе.

Бејл кој пристигна во  Мадрид во 2013 година од редовите на Тотенхем, неодамна изјави дека може да се врати во Премиер лигата доколку добие добра понуда.

Share.

Leave A Reply