Реал (М) – ПСЖ, Барса – Челзи во осминафиналето на ЛШ

0

Три мега-пресметки ја чекаат фудбалска Европа во осминафиналето на Лигата на шампионите на пролет. Актуелниот европски шампион Реал (М) за противник во првата нокаут рунда го доби францускиот гигант ПСЖ, додека вториот шпански гигант во завршницата, Барселона, за противник во следната рунда ќе го има англискиот шампион Челзи. Третиот супер-дуел во осминафиналето е пресметката меѓу италијанскиот првак Јувентус и англискиот вицешампион Тотенхем.

Во сенка на овие три мега-пресметки останаа останатите пет дуели формирани со денешното извлекување. Во нив, Манчестер Сити за противник го доби Базел, Ливерпул ќе игра со Порто, Севиља се среќава со Манчестер Ј., Шахтјор ќе ја пречека екипата на Рома, додека Баерн (М) за противник ќе го има Бешикташ. Првите дуели од осминафиналето се закажани за 13 и 14 февруари, а реваншите ќе се одиграат на 20 и 21 февруари 2018 година.

Share.

Leave A Reply