Реал Мадрид го пикирал Канте

0

Првите луѓе на фудбалскиот состав Челзи им ветиле на колегите од Реал Мадрид дека ќе им дозволат во наредното лето да го купат Нголо Канте доколку францускиот интернационалец биде ставен на трансфер листата.

Бидејќи „сините“ поради казната од УЕФА не можат да ангажираат нови играчи,  тие не сакале да се разделат со  Французинот во текот на летото иако добиле понуда од „кралевите“.

Медиумите од Шпанија објавија дека двете страни направиле договор и дека Реал Мадрид догодина ќе може да го ангажира Нголо доколку одличниот играч од средината на теренот одлучи да си замине од Англија.

Share.

Leave A Reply