Реал Мадрид не се откажува од Мбапе, Зидан го сака по секоја цена

0

Реал Мадрид продолжува да покажува интерес за напаѓачот на ПСЖ Килијан  Мбапе, велат медиумите во Франција.

Во информацијата се вели дека Мбапе е главната трансфер цел на тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан, кој би сакал да потпише со играчот во летниот преоден рок. Сепак, самиот француски клуб работи на продолжување на договорот со Мбапе до 2025 година, а за таа цел се подготвени и двојно да му ја зголемат платата.

Во тековната сезона на францускиот шампионат Мбапе одигра 20 натпревари на кои постигна 18 голови и направи 5 асистенции. Тој исто така има 5 гола на 7 натпревари во Лигата на шампионите. Неговиот сегашен договор со парижаните е до летото 2022 година.

Вчера беше објавено дека ФИФА ќе го промени времето на трансферните периоди поради пандемијата на коронавирусот.

Share.

Leave A Reply