Реал Мадрид официјално го претстави Тибо Куртуа

0

Шпанскиот гигант Реал Мадрид официјално го претстави новото засилување Тибо Куртуа. Белгискиот голман, поранешен фудбалер на Атлетико Мадрид, доаѓа во „кралскиот клуб“ од Челзи.

Претходно денеска 26-годишниот Куртуа ги помина успешно медицинските прегледи и потпиша официјално договорот со својот нов тим во присуство на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Куртуа беше претставен веднаш на стадионот “Сантијаго Бернабеу”. Церемонијата започна со видео клип со импресивни одбрани на Куртуа.

Потоа претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одржа говор во кој го поздрави Куртуа и го нарече „одличен голман со огромен талент” и ги истакна одличните настапи на Белгиецот на светско првенство во Русија, каде „црвените ѓаволи” го одвоија бронзениот медал.

Самиот Куртоа, исто така, имаше кратка изјава, велејќи дека му е мило што доаѓа во „најдобриот клуб во светот”.

Share.

Leave A Reply