Реал Мадрид официјално го промовираше Лопатеги

0

Актуелниот шампион на Европа Реал Мадрид со официјална прес-конференција го претстави наследникот на Зинедин Зидан.

Жулен Лопетеги, кој доби отказ од шпанската репрезентација на два дена од Мундијалот поради договорот со Реал Мадрид ќе биде новиот предводник на „кралевите“.Претседателот на тимот, Флорентино Перез, беше во друштво на новиот тренер на денешното претставување на кое тој го изрази задоволството што доаѓа во редовите на најдобриот клуб на светот.

„Денес е најсреќниот ден од мојот живот. Вчера бев тажен како денот кога почина мојата мајка. Му благодарам на претседателот и клубот за довербата која ми ја дадоа и шанса која ќе ја имам за да се докажам. Се чувствувам способен да ја продолжам одличната работа на Зинедин Зидан.Овде го имам најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо. Би сакал да го имам на располагање на стартот од следната сезона. Ќе се обидеме да ги освоиме сите титули кои ни стојат на располагање“ , изјави 51-годишниот Лопатеги кој сега ќе има задача да направи одредена листа за засилување на тимот за следната сезона.

Share.

Leave A Reply