Реал Мадрид со 90 милиони фунти за Паоло Дибала

0

Европскиот шампион Реал Мадрид подготвува понуда од 90 милиони фунти за една од најголемите ѕвезди на Јувентус Паоло Дибала, тврди во денешниот број британскиот весник „Сан“.

Според еден од водечките медиуми на Островот интересот на „кралевите” во пракса му пречи на Пеп Гвардиола за да го убеди напаѓачот да пристигне кај него во Манчестер Сити.

Желбата на Флорентино Перез е да се засили со напаѓачот уште во овој зимски преоден рок, но се уште не е јасно какво ќе биде мислењето на Јувентус во моментот кога предлогот ќе пристигне во нивната канцеларија.

Не е исклучено „бјанконерите” да сакаат да го привлечат со позајмица Иско до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер во лето, а тоа не би требало да е голем проблем ако се земе во предвид фактот дека Сантијаго Солари не смета многу на овој играч.

Во случај привлекувањето на Дибала да не биде реализирано оваа зима се очекува Реал да продолжи со обидите да го земе во текот на летото.

Share.

Leave A Reply