Големата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, е во насока на трансфер во Реал Мадрид, а според британскиот весник „Дејли мејл”, платата што ќе му ја плаќаат на „Сантијаго Бернабеу“ ќе изнесува 400.000 фунти неделно.
Ова во пракса значи дека ако договорот биде финализиран, што веројатно ќе се случи, белгискиот фудбалер ќе добие околу 20 милиони фунти годишно. Познато е дека Зинедин Зидан долго време го следи настапот на Азар и тој е негов главен приоритет за летниот преоден рок.
Челзи не сака да го продава играчот од средниот ред, па тешко може да се каже дека клубот конечно донел одлука за да го продаде, но желбата на играчот е да биде продаден во Реал Мадрид.
Во текот на оваа сезона, Еден Азар има 46 натпревари во сите натпреварувања, со постигнати 19 гола и 13 асистенции.