Реал не се откажува од купувањето на Еден Азар

0

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не се откажал од намерата да ја привлече големата ѕвезда на Челзи Еден Азар.

Трансфер периодот за доаѓање на играчи во Англија веќе е затворен, но клубовите во Премиер Лигата имаат дозвола да ги продадат играчите до 31 август. Проблемот е што не може да има замена за оние кои ќе заминат. Но, ова прашање не го возбудува Перез, кој е подготвен да направи конечна понуда за Азар пред крајот на месецот. Според медиумите од Англија, предлогот ќе биде 200 милиони фунти.

Минатата недела, Реал успеа да го привлече голманот на Челзи – Тибо Куртуа. Уште со пристигнувањето на „Бернабеу” Белгиецот проговори за својот сонародник, велејќи дека се надева повторно да игра со него во еден тим.

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари тврди дека разговарал три-четири пати со Азај, кој ниту еднаш не му кажал дека сака да го напушти клубот во кој се чувствува среќен. Според истиот извор, сепак, играчот може да се обиде да ја принуди управата на клубот за негова продажба по пристигнувањето на наведената понуда.

Share.

Leave A Reply