Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид, најверојатно нема да обезбеди атрактивно засилување во текот на летово.
Заминувањето на Кристијано Роналдо во Јуве наметна дилема дали првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, ќе најде негова замена. Иако се споменуваше во пореден план,играчот на Челзи, Еден Азар, најверојатно репрезентативецот на Белгија нема да заигра на „Сантијаго Бернабе“.
Според денешното издание на весникот, „АС“, новиот тренер на Реал Мадрид, Лопетеги, сака максимално да ги искористи квалитетите на Иско и на Асенсио и затоа нема да бара нов играч.