Ребиќ нема скршеница на раката, ќе се врати за дербито со Интер

0

Хрватскиот интернационалец во редовите на Милан, Анте Ребиќ, синоќа мораше порано да го заврши натпреварот со Кротоне, откако заработи незгодна повреда на раката.

По првичните фотографии кои можеа да се видат на малите екрани, се чинеше дека Ребиќ има скршеница на раката, но денешните лекарските прегледи и снимките покажаа дека нема скршеница, што е добра вест за неговата екипа бидејќи станува збор за полесна повреда.

Според проценката на лекарскиот тим, заздравувањето треба да трае околу две недели, што би значело дека Анте Ребиќ ќе биде подготвен за градското дерби против Интер, кое треба да се игра на 17 октомври.

Милан во последно време има многу проблеми, особено во нападот, Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, Рафаел Леао сè уште не е целосно подготвен, а сега и оваа повреда на Анте Ребиќ., На тренерот Стефан Пиоли во нападот како опција му остана само младиот 18-годишен Лоренцо Коломбо.

Share.

Leave A Reply