Еден од хрватските херои на СП во Русија ова лето, Анте Ребиќ, денеска потпиша нов договор со германскиот бундеслигаш Ајнтрахт (Ф). Со ова е ставен крај на шпекулациите во врска со иднината на Ребиќ, кој беше поврзуван со евентуално заминување во Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Новиот договор е со важност до 30 јуни 2022 година, а според непотврдени информации, во него има и висока клаузула за откуп.