Реина ќе му каже збогум на Наполи

0

Голманот на фудбалскиот состав Наполи, Пепе Реина, на 30 јуни ќе го напушти составот од Неапол и ќе се пресели во Милано во екипата на „росонерите“, објавија денеска медиумите на Апенинскиот полуостров. Воедно информацијата беше потврдена и од спортскиот директор на МИлан, Масимилијано Мирабели.

„Ни требаат искусни играчи од типот на Реина. Тој може многу да ни помогне на теренот за да ги остваримне нашите цели“ – потенцираше Мирабели кој не сакаше да даде конкретен одговор дали доаѓањето на Реина ќе значи и отворена врата за Донарума да го напушти тимот.

Ќе потсетиме дека младиот голман на Милан во минатото имаше многу недоразбирања како со челниците така и со навивачите бидејќи сакаше да пред време да го раскине договорот.

Share.

Leave A Reply