Нашиот атлетичар, Дарио Ивановски, со време од 32:04 минути победи во машкиот дел на трката – „Skopje Run 10K“. Втор заврши Дејан Атанасов со 32:47 минути пред Атанас Анчевски кој патеката ја истрча за 33:28 минути.
Во конкуренција кај дамите прва беше Адријана Поп Арсова со 38:28 минути, второто место го зеде Милјана Ристиќ со 39:06 минути додека на третото заврши Биљана Кираџиева со 39:59 минути. Во штафетната трка најдобри беа NRC – NIKE + RUN CLUB со 40:20 минути, по нив се пласираа натпреварувачите од 091RUNCRW & SKIRIS со 45:15 минути додека како трети трката ја завршија H&W-SKOBUL со 45:58 минути.
По трката и на првите три според категорија на возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и преку 55 години им беа доделени дипломи. Воедно, спонзорите на „Skopje Run 10K“ во лотарија доделија подароци на сите кои беа избрани по случаен пат.