Рекорден број учеснички на Skopje Run 10K

0

Оваа година, по вторпат, ќе се одржи атлетската трка Skopje Run 10K која претставува уште една алка која ќе го поттикнува здравиот начин на живеење и спортување. Во недела, 7 октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје со почеток од 9 часот ќе стартува и второто издание на трката на која годинава ќе има рекорден број учесници од 22 земји кои се пријавени за стартот.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, потенцираше дека трката добива голем потенцијал и го зазема своето метсо во календарот на спортските настани во државата.

„За две години оваа трка порасна во трка со голем потенцијал. Почнавме пред една година една убава приказна, која од стартот влезе во календарот на атлетска федерација и на Европската атлетска федерација“, вели Каевски.

Share.

Leave A Reply