Релаксација на Беласица пред мечот со Грција

0

Нашата ракометна репрезентација утре ја очекува последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година, а противник е селекцијата на Грција.

Селекторот Данило Брестовац одлучи денешното слободно предпладне да биде искористено за прошетка во природа и тоа на Колешинските водопади на падините на Беласица.

Во убава атмосфера и оптмизам нашите ракометари го очекуваат овој натпревар кој е важен за нашата репрезентација за зацврстување на првата позиција на табелата.

Натпреварот Македонија – Грција се игра утре во Струмица, во салата „Парк“ со почеток во 18 часот, а ќе можете да го следите низ нашата програма.

Share.

Leave A Reply