Рендал ќе дебитира во Евролигата

0

Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, сака да го искористи новото американско засилување Чезе Рендал само во Евролигата барем во првата половина од сезоната.

Кошаркарот пристигна во шпанската престолнина од Њујорк откако беше ослободен од Никси.  -Рендал ќе игра во Евролигата”, рече Ласо пред утрешното гостување во Истанбул кај тимот на Анадолу Ефес.

24-годишниот Рандал се очекува да го направи дебито на Босфорот. Тој има една сезона во Европа како играч на чешкиот ЦЕЗ Нимбурк кога постигнуваше во просек 15,3 поени на натпревар дома и 11,6 поени во натпреварите во ВТБ лигата.

Share.

Leave A Reply