Репрезентацијата се комплетира, се прави стратегија за Летонија

0

Македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира и продолжува со подготовките за престојните квалификациски средби за пласман на ЕП против Летонија и Словенија.

Селекторот, Игор Ангеловски на првиот тренинг синоќа на располагање го имаше скоро комплетниот состав, откако во Скопје пристигнаа и капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски и Александар Трајковски од Италија, како и останатите повикани интернационалци.

Единствено недостасуваше голманот Столе Димитриевски со чие приклучување репрезентацијата ќе се комплетира и ќе може полека да ја подготвува стратегијата за четврточниот дуел со Летонците.

Share.

Leave A Reply