Репрезентацијата се спушти за едно место на ФИФА листата

0

Нашата фудбалска репрезентација падна на 74-то место на новата ранг листа на ФИФА. Тоа се должи на одличните резултати на репрезентациите на Палестина и Узбекистан кои во изминатиот период имаа зголемена активност.

Нашите најдобри фудбалери ќе имаат шанса да прогресираат по пријателските мечеви со Финкса и Азербејџан кои се предивдени за во месец март.

Што се однесува до врвот, Германија е првa пред Бразил и Португалија. Во Топ 10-ет уште влегуваат и: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.

Share.

Leave A Reply