Репрезентативците почнаа со тренинзи во Белек

0

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вчера ги стартуваше подготовките за двата контролни натпревари во турски Белек против Финска (23. март) и Азербејџан (27. март).

Селекторот на А-репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски на првиот тренинг не можеше да смета на репрезентативците Стефан Ристовки, Езџан Алиоски и Столе Димитриоски кои подоцна во текот на денот им се приклучија на репрезентативните колеги. Во националниот тим вчера се приклучи и капитенот Горан Пандев.

„Јасно ми е дека од нас се очекува да бидеме во вистинска форма за натпреварите од Лига на Нации, но на овие контролни дуели добиваме слика за тоа што не чека во иднина. Мислам дека е важно да го засилиме карактерот на тимот низ овие пресметки и да продолжиме да работиме. Атмосферата меѓу нас е одлична, секогаш ни е драго кога се враќаме во репрезентативниот дрес и овие десетина дена ќе ги искористиме и за поголема комуникација и поголемо зближување. Секако, се надевам дека ќе бидеме на ниво и на натпреварите против Финска и Азербејџан“, изјавил бекот Стефан Ристовски.

Share.

Leave A Reply