Репрезентативците се екипираат во Анталија

0

Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за двата контролни натпревари против Финска и Азербејџан кои ќе се одиграат во Анталија. Нашиот најдобар национален тим денеска ќе се комплетира по пристигнувањето на капитенот Горан Пандев (Џенова), Стефан Ристовски (Спортинг), Езџан Алиоски (Лидс) и голманот Столе Димитриоски (Гимнастик). Првиот тренинг селекторот Игор Ангеловски и репрезентативците ќе го имаат во 16:00 часот по македонско време во „Глорија“, спортскиот центар во Белек.

Нашиот интернационалец од шпански Леванте, Енис Барди вели дека овие натпревари се многу важни како подготовка за главниот предизвик сезонава, Лига на Нации.

„Првичните впечатоци се одлични, но ние сме тука да се подготвиме за нашата најважна работа оваа година, а тоа се натпреварите кои можат да ни донесат пласман на Европско првенство. Мораме да бидеме на високо ниво, ни следуваат два контролни натпревари, но за нас не се обични пријателски дуели, туку начин да што подобро да се подготвиме и тактички и технички за битните натпреаври кои ни следуваат. Ќе дадеме се од себе оваа репрезентација да напредува“, вели Барди.

Share.

Leave A Reply