Репрезентативците во традиционално карате ќе учествува на Обединетиот Светски Карате Шампионат

0

Македонската репрезентација во традиционално карате од 30 ноември до 3 декември 2017 година ќе земе учество на Обединетиот Светски Карате Шампионат во (традиционално, модерно и контактно) карате за сениори, младинци, јуниори и кадети во Монтекатини, Италија.

Македонската репрезентација во традиционално карате ќе настапи во следниот состав: Дејан Недев, Аљоша Недев, Матеј Ангеловски и Јадранка Недева во сениори, односно Огнен Тасевски (младинци), Берта Милевска (јуниори) и Мила Саздова, Јана Милевска, Антонија Белазелкоска и Јелена Дробниќ во кадети.

Овој светски обединет шампионат во (традиционално, модерно и контактно) карате се одржува по втор пат, првиот историски обединет светски шампионат се одржа 2015 година во Копер, Словенија каде нашиот најдобар натпреварувач Дејан Недев пред две години го освои првиот златен медал во фукуго.  На Обединетиот светски карате шампионат се очекува да учествуваат над 1000 напреварувачи од 70 земји.

Share.

Leave A Reply