РФМ го доби протоколот од комисијата за заразни болести на министерството за здравство за начинот на кој треба да се организираат тренинзите и натпреварите во услови на пандемија со Ковид-19. Ракометната федерација денеска го објави протоколот, од кој сега клубовите точно ќе знаат што треба да прават за организација на тренинзи и натпревари.
Во првата точка од протоколот е посочено дека тренинзите и натпреварите се организираат без публика, ќе биде задолжитено носење на маска за сите освен за ракометарите на терен, а ќе мора да се прави и тестирање најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.
Мерење на температура ќе има на влез во сала, а средствата за дезинфекција ќе станат редовен декор во салите.