РФМ им ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорите

0

Ракометната Федерација на Македонија денеска информираше дека ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Европското Првенство во Хрватска 2018.

Македонија го освои првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Чешка, Исланд и Украина, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир.

Ова ќе биде петто учество на македонските машки сениори на европските првенства. На ЕП во Хрватска што ќе се игра во јануари 2018 година, нашите сениори ќе бидат во група со Германија, Црна Гора и Словенија.

Share.

Leave A Reply