Ракометната федерација на Македонија денеска го одржа редовно годишно Собрание на кое ја презентираше својата богата, активна, квалитетна и транспарентна работа во изминатата година.
РФМ е можеби единствената Федерацијата, која може да се пофали дека во изминативе 365 дена беше активна на сите полиња, како репрезентативно ниво, така и клупско. Од настап на машката сениорска репрезентација на Македонија на СП 2019 во Германија и Данска и учеството во квалификациите за ЕП 2020, преку добриот настап на женскиот национален тим на Медитеранските игри во Тарагона, а потоа и одличниот квалификациски турнир за СП 2019 во Скопје.
Првиот човек на Федерацијата, Живко Мукаетов во деталниот годишен извештај ги најави и квалификациите кои ќе се бараат при изборот на новиот селектор на машката сениорска репрезентација.
„Главниот фокус ќе биде пополнување на празното селекторско место на машкиот национален тим, а моја желба е тој да биде професионалец, кој ќе се посвети само на репрезентацијата. Со тоа ќе биде насочен само кон репрезентацијата и кон случувањата во македонскиот ракомет”, истакна Мукаетов.