Рибера: Само да го запреме Лазаров

0

Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, за денешниот меч со Македонија призна дека клучот за новата победа на „црвената фурија“ на ова СП ќе биде да се запре најдобриот стрелец во нашиот тим, капитенот Лазаров.

„Клучот за победата над Македонија е да се запре Лазаров. Тој е референтна точка во нивната игра. Ние мора да бидеме многу внимателни на излегувањата кон него и да не му дозволиме чисти ситуации за шут. Тој знае одилично д аго контролира времето и да се обиде и од ситуации кога не се очекува шут“, анализира Рибера.

Македонијаи Шпанија вечерва играат во 4. коло од групата „Б“. Средбата почнува од 20.45 часот.

Share.

Leave A Reply