Рибери го одигра 100-от меч во ЛШ, а Баерн остана непоразен

0

На вчерашниот натпревар одигран на „Енфилд“ кој заврши без голови меѓу Ливерпул и Баерн Минхен, една од ѕвездите на Баерн Минхен, крилото Франк Рибери се појави на теренот во 81-та минута како замена на Кингсли Коман.

На овој начин тој го запиша својот натпревар број 100 во дресот на Баерн во европските клубски натпреварувања. Рибери игра за Баварскиот гигант од 2007 година. Токму овој резултат 0:0 го остави Баерн непоразен како гостин во Лигата на Шампионите по деветти пат по ред. Последното пораз на тимот при гостување беше во септември 2017-та година, кога загубија со 0:3 во Париз од Пари Сен Жермен.

Од тој момент досега Баерн забележа шест победи- над Селтик, Андерлехт, Бешикташ, Севиља, Бенфика и АЕК (Атина), а исто така имаше три нерешени средби со Реал Мадрид, Ајакс и синоќа како гостин на Ливерпул. Реваншот меѓу Баерн и Ливерпул е на 13-ти март од 21.00 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен. Ливерпул го освоил Купот на Европските шампиони пет пати, а толку трофеи има и во витрината на Баерн Минхен.

Share.

Leave A Reply