Рибери си заминува од Баерн по крајот на сезоната

0

Спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ изјави дека тековната сезона најверојатно ќе биде последна во клубот за францускиот интернационалец Франк Рибери.

Французинот премина во тимот од Минхен во 2007 година, исто како Ариен Робен тој ќе го напушти клубот по долгогодишна верност и тоа следното лето.

„Ова го изјави претседателот Ули Хенес минатата недела за време на состанокот со навивачи. Мислам дека тоа ќе се случи. Ова е годината на промени. Но се радувам што Френк сеуште игра толку добро. Тој е еден од нашите водачи”, изјави Хасан Салихамидџиќ .

Во тековната сезона, Рибери одигра 19 натпревари во кои постигна два гола. Ариен Робен објави пред неколку дена дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Share.

Leave A Reply