Рикардо ги изненади фаворитите

0

Даниел Рикардо со болидот на Ред Бул победи во денешната возбудлива трка во Формула 1 возена за ГП на Кина на патеката во Шангај.

Австралиецот имаше проблеми за време на подготовките и трката ја започна од шестото место, но, одлично го искористи движењето на безбедносното возило и дојде до победата во третата сезонска трка. Возачот на Мерцедес, Валтер Ботас, водеше во поголемиот дел од трката, но, Рикардо успеа да го остави Финецот на второ место. Неговиот сонародник, Кими Раиконен од Ферари, на крајот се искачи на третото место на подиумот.  Бодови уште освоија и Верстапен, Фетел, Хамилтон, Хулкенберг, Алонсо, Саинц и Магнусен.

На табелата води Фетел со 64 поени пред Луис Хамилтон со 45 и Валтери Ботас со 39.

Share.

Leave A Reply