Рикардо го советува Верспатен да ги послуша повозрасните колеги

0

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, проценува дека неговиот помлад колега во тимот, Макс Верстапен, ќе треба да ги слуша внимателно советите што му ги даваат најискусните во Формула 1.

19-годишниот Верстапен го имаше деби настапот за Ред Бул пред една година и веднаш ја забележа првата Ф1 победа на трката за Гран При на Шпанија.

„Очигледно Макс сака да ја користи максимално колата и да ги открива нејзините граници. Тоа е неговата сила, но, има и една слабост – возраста. Не зборувам за годините поминати во спортот бидејќи тој се натпреварува одамна и има искуство на патеката. Имам предвид дека е млад според годините. Можеби, ако слуша повеќе и го апсорбира тоа што му го кажуваат повозрасните. ќе има подобар ефект“, изјави Рикардо.

 

Share.

Leave A Reply