Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, вели дека тековнава сезона во Формула 1 има чуден тек. Австралиецот триумфираше во Кина и Монако, но, потоа меговиот болид не успеа да го задржи темпото на Ферари и Мерцедес.
„Двете победи во првите шест трки го донесоа мојот најдобар старт во една сезона во Формула 1. По Монако мислев дека годинава ќе се бориме за титулата од позицијата на аутсајдер. Вербата не ја загубив, но, мотивацијата и љубовта кон спортот полека се губат“ – вели Рикардо.
„Мислев дека со напуштањето на Ред Бул по трката во Абу Даби ќе ми биде тешко, но, тоа не се случи. Знаев дека е време да го направам новиот чекор“ – вели Рикардо кој заедно со неговиот клупски колега, Макс Верстапен, на неделната Гран При трка во Русија на патеката во Сочи, ќе имаат можност да се борат за нови бодови и за место на пиедесталот.