Рикардо: мојот болид е проколнат

0

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, во последните 11 трки во Формула 1, дури шест пати мораше предвреме да се повлече од патеката. Тој на викенд-собирот во Мексико беше принуден да го прекине возењето поради проблеми во болидот и тоа токму во моментите кога се бореше за второто место со Себастијан Фетел.

„Не сум фрустриран туку беспомошен. Не гледам причина да ги возам последните две трки, нема логика  бидејќи во континутет се соочувам со проблеми. Не сум суеверен и не верувам во тоа, но, болидот е проколнат„ – изјави Рикардо.

Возачот од Австралија на крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Ред Бул и ќе се пресели во Рено. На неговото место ќе седне Пјер Гасли кој сега е активен во Торо Росо.

Share.

Leave A Reply