Рикардо не доби дозвола од Ред Бул

0

Луѓето од Ред Бул нема да му дозволат на Даниел Рикардо да вози за Рено за време на тестот на официјалниот снабдувач на гуми во Ф1- Пирели, кој ќе се одржи по завршувањето на Гран При трката во Абу Даби.

Тој тест е единствената можност за пилотите да ги запознаат новите тимови пред да бидат направени зимските тестови во Барселона во месец февруари. Дел од возачите, пример – Шарл Леклер, кој ќе го размени местото со Кими Раиконен во Ферари, како и Пјер Гасли во Ред Бул и Џорџ Расел во Вилијамс, нема да имаат проблем да тестираат со нивните нови тимови.

Ред Бул, сепак нема да дозволи на Даниел Рикардо да ги започне подготовките со Рено што значи дека Австралиецот ќе треба да почека до февруари за да ја има првата подготовка со новиот тим.

Share.

Leave A Reply