Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, ја обезбеди првата позиција за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена низ улиците на Монако.
Австралиецот во третата сесија извозе круг за 1:10.810 што е нов рекорд низ улиците на Монте Карло. Германецот Себастијан Фетел се избори за второто место а Британецот, Луис Хамилтон заврши како трет. Друштво во вториот ред ќе му прави Кими Раиконен.
Во првите десет позиции обезбедија и: Валтери Ботас, Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Карлос Саинц, Серхио Перез и Пјер Гасли.Макс Верстапен по сударот во третиот слободен тренинг не ги започна квалификациите и утре ќе стартува од боксот.